Во функција е бесплатниот телефонски број за информации и пријавување на симптоми од коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес-конференција во врска со состојбата и преземените мерки околу справувањето со коронавирусот во земјава најави отпочнување со работа на call центар, а набрзо потоа на неговиот фејсбук и го потврди тоа со објавата на бесплатниот телефон на кој граѓаните ќе можат да се информираат и пријавуваат симптоми за вирусот.

– Од денеска е во функција и call центарот – 0800 002 03 во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта за земање на брисеви – материјали во Поликлиниките во Јане Сандански и Чаир, кадешто веќе е распределен стручен кадар.

Денеска заврши и координативниот состанок со Здружението на матичните лекари кои ќе бидат вклучени во системот на закажување, преку системот Мој Термин, а после јавување на нивните пациенти кои ги избрале за матичен лекар. Од понеделник, освен на телефонските линии за информации во Центрите за јавно здравје, во call центарот пациентите ќе можат да се јават и кај матичните лекари доколку се постави индикација според електронскиот алгоритам којшто матичните лекари дотогаш ќе го имаат – да се закаже земање на материјал во еден од двата пункта – напиша Филипче.

Треба да знаете
Последни објави