Откако денеска беше потврден и третиот случај на заразен играч од коронавирусот во тимот на калчолигашот Јувентус, Пауло Дибала, од Италија со семејството ја напушти неговиот соиграч Даглас Коста, кој се вратил во Бразил.
Претходно позитивни на тестовите за коронавирусот беа и играчите на “старата дама“ Даниеле Ругани и Блејз Матуиди.
Покрај Коста, Италија која е најпоголдена со коронавирусот во Европа, ја напуштија привремено и Гонзало Игуаин, Родриго Бентанкур, Миралем Пјаниќ и Сами Кедира.