Ѕвездата на Јувентус и на аргентинската репрезентација, Пауло Дибала на Твитер потврди дека е заразен со коронавирусот, но и дека е заразена неговата девојка Ориана.
-Здраво на сите, сакам да ве известам дека ги добив резултатите од тестот за коронавирус и дека мојата девојка Ориана и јас сме позитивни. За среќа, се чувствуваме одлично. Благодарам на сите за вашите пораки за поддршка, рече аргентинскиот напаѓач на Твитер.
Hola a todos, quería comunicarles que acabamos de recibir los resultados del test del Covid-19 y tanto Oriana como yo dimos positivo. Por fortuna nos encontramos en perfecto estado. Gracias por sus mensajes y un saludo a todos 💪🏼💪🏼💪🏼 pic.twitter.com/g1X1Qtx2S3
— Paulo Dybala (@PauDybala_JR) March 21, 2020
Дибала е третиот заразен фудбалер на Јувентус, по Даниеле Ругани и Блез Матуди. Бразилскиот интернационалец Даглас Коста го напушти Торино и со дозвола на раководството на Јувентус се врати во родниот Бразил. Таму ќе ги минува деновите од задолжителниот карантин. Тој побарал да биде заедно со семејството откако тестот за Covid-19 покажал негативен наод.
Претходно, Кристијано Роналдо се врати во Мадеира поради болеста на мајка си, Гонзало Игуаин исто така побара да замине во Аргентина затоа што неговата мајка има канцер, Пјаниќ е во Луксембург, а Сами Кедира во Германија. Останатите фудбалери на Јувентус се уште се во изолација во Ј-хотелот во Торино