На социјалните мрежи се проширила снимка на еден италијански саксофонист, Даниеле Витале, кој од балконот за своите соседи ја извел „Bella Ciao“. Додека ја свирел оваа мелодија луѓето излегле на балконите и аплаудирале.
Италијанците од првиот ден со музика се борат против осаменоста во карантинот, а многу снимки од нивните заеднички песни веќе го обиколија светот.