Наставничката-дефектолог од Неготино, чии родители од Кавадарци се позитивни на коронавирусот тврди дека во изминатите 15 дена немала никаков контакт со нив, објави ,,Фокус” .
Веста дека докторка од Кавадарци и нејзиниот сопруг вработен во ЈП Македонски шуми се позитивни на вирусот одекна во Тиквешијата. Сопружниците сега се сместени на Инфективната клиника во Скопје, а она што дополнително го вознемири регионот е дека нивната ќерка е вработена во основно училиште во Неготино како наставник – дефектолог.
Голем број на граѓани, посебно родители чии деца посетуваа настава во училиштето, реагираа во текот на вчерашниот ден и бараа дополнителни информации за случајот.
Со цел да ја информира јавноста, наставничката во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува дека немала никаков контакт со родителите периодов, и како тие ги превзеле сите потребни и препорачани мерки.