– Утрово околу 09.30 часот во Противпожарната Бригада на Град Скопје е пријавен пожар кај местото Отошница, над Марков манастир.
За МИА командантот на Противпожарната Бригада на град Скопје Владимир Симоновски информира дека веднаш е испратено возило и пожарот во тој дел од десната страна кон Отошница е изгаснат и нема никаква опасност.
Тој појаснува дека од другата страна на Отошница има чадење, но се работи за непристапен дел како срп до кој не можат да стигнат, и може да се интервенира само од воздух, но сепак нема никаква опасност.
Според Симоновски, пожарот најверојатно е предизвикан од страна на дрвокрадачи.