Директорот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Паоло Малдини и неговиот син, Даниел се позитивни на тестовите за коронавирус. Оваа вест ја потврдија од клубот Милан, каде малдини ја мина својата фудбалска кариера и продолжи да работи како директор. Клубот објави дека вчера било извршено тестирање по кое стигнале резултатите кои за жал се позитивни.
-Милан потврдува дека Паоло Малдини, техничкиот директор на клубот бил свесен дека стапил во контакт со лице кое било позитивно за коронавирусот и почнал да покажува симптоми. Вчера направи тест и резултатот е позитивен. Неговиот син Даниел, напаѓач во младинскиот тим на Милан исто така е позитивен. Паоло и Даниел се чувстввуаат добро и веќе минаа две недели во изолација без да контактираат со други лица. Тие сега ќе останат во карантин додека не закрепнат –се вели во соопштението на Милан.