Познатиот американски кантри пејач, Кени Роџерс, почина на 81 година, соопшти неговиот претставник Кит Хаган.
Пејачот „почина со природна смрт мирно во својот дом опкружен од своето семејство“, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на Роџерс.
Роџерс трипати во кариерата беше наградуван со признанието Греми и е член на Куќата на славните кантри музичари. Тој е познат по своите балади „The gambler”, „Lucille”, „Coward of the county” и дует со Доли Партон „Islands in the stream”.