Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска со поддршка од воздух со исфрлени 35.000 литри вода во 14 налети, помогнаа во гаснењето на пожарот во село Осинчани над Марков манастир каде беше зафатена нискостеблеста шума.
Пожарот е локализиран со поддршката од воздух и не е дозлолено негово проширување.