– Модното ателје и кројачка работилница на семејството Илјази од Тетово деновиве изработува и доделува бесплатни заштитни маски за на лице на луѓе. Ги даваат на луѓето кои немаат доволно пари за да купат, како и поради тоа што тешко се наоѓаат.
– Нашето семејство во ателјето одлучи да произведуваме маски поради Ковид 19. Идејата дојде спонатно, заедно со мојата фамилија, има луѓе што им требаат маски, а немаат пари да купат и ги нема во патеките. Затоа ние секој произведуваме по 200 маски и ги даваме бесплатно, вели Крешнике Илјази.
Според неа, маските може да дезинфицираат.
-Маските се од материјал 100 отсто отсто памук и се стерилизираат со пеглање. Има во внатрешноста и додатно место за џеб каде може да се стави влажна марамче за додатна сигурност, објаснува Крешнике.
Од семејството велат дека кога се разбрало низ градот некои бизнисмени им донирале и на нив средства и суровини за уште повеќе да имаат материјал за правење на вакви маски.