– Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конфернција рече дека мерките за изолацијата од страна на голем број граѓани не се почитуваат. Поради тоа веќе се подготвени ригорозни мерки кои ќе бидат разгледни попладнево на владина седница.
-Очигледно е непридржувањето до мерките, очигледно е дека има сериозна бројка граѓани кои апелите, пораките и ризикот не го земаат сериозно. Имаме одговорност мерките да ги заостирме, зашто тие ќе имаат логика и ќе дадат резултати само ако целосно се почитуваат, напомена Филипче.