Четворица министри во Владата на Буркина Фасо се позитивни на коронавирусот, соопшти владиниот портпарол, додека бројот на заразени во таа западноафриканска земја се искачи на 64.
Инфицирани се министрите за надворешни работи, рударство, образование и внатрешни работи.
„Гласините се точни. Само што бев информиран дека имам Ковид-19″, објави на Твитер шефот на дипломатијата Алфа Бери.