Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во средиште на скандал, откако без никаква провокација, вербално го нападна известувачот на Ен-би-си, Питер Александер.
Александер и неговите колеги присуствуваа на редовната прес-конференција на американскиот кризен штаб и на крајот тој го праша Трамп дали сака да упати некоја порака до илјадниците заразени и милиони преплашени Американци, среде пандемијата од коронавирусот.
„Сакам да кажам дека сте очаен новинар“, му рече Трамп на Александер кој многу се зачуди од ваквиот одговор.
Трамп потоа продолжи да одговора на второто прашање, но направи пауза и повторно се сврте кон Александер.
NBC's @PeterAlexander asks Trump what he'd say to Americans who are frightened.
Trump goes on rant against Alexander, says he asked a "nasty question," calls him a "terrible reporter" and attacks NBC and Comcast. pic.twitter.com/vZAk3M4mqR
— Oliver Darcy (@oliverdarcy) March 20, 2020
„Тоа е одвратно прашање, а вие се занимавате само со сензационализам. Тоа го правите вие и вашата телевизија. Знаете што ќе ви кажам? Подобро вратете се на објективно известување отколку на сензационализам“, одговори видно вознемирениот Трамп.
Подоцна во одбрана на Александер застана и новинарката од Си-ен-ен, Каитлан Колинс која го праша Трамп дали е непоходно да се расправа со новинарите за време на ваква криза.
„Тој не е добар новинар и во вакво време е многу потешко да делуваме заедно, ако треба да се соочуваме со вакви нечесни новинари“, одговори амариканскиот претседател.