– Пандемијата од коронавирус однесе уште триесет живот во Белгија, а вкупниот број починати се зголеми на 67, јави дописничката на МИА од Брисел.
Здравствените власти соопштија дека 558 нови лица се регистрирани како заразени, вкупниот од почетокот на пандемијата изнесува 2.815 заразени.
Речиси 300 лица биле хоспитализирани вчера, а уште 74 пациенти се пренесени на интензивна нега.
Овие бројки се однесуваат само на регистрираните случаи. Со оглед на тоа дека не се тестира целото население, туку само оние со тешки симптоми, реалната бројка е многу повисока.
Најголем број заболени има во Фландрија, најмалку во Брисел.
Властите потсетуваат дека сите возрасти можат да бидат заразени и тешко болни.
Од вчера Белгија ги затвори своите граници и забрани секакво патување и внатре во земјата и надвор од неа, освен за неопходни случаи.