Вработен во кабинетот на Пенс заразен со коронавирусот

– Член на кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс е позитивен на коронавирус, но ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту Пенс, не биле во контакт со него, сооопшти ноќеска порпартолката на потпретседателот Кети Милер.

Милерс соопшти дека канцеларијата добила информација за тоа вчеравечер, но не наведувајќи за кој член на персоналот станува збор.

-Натамошните утврдувања на неговите контакти ќе следат согласно упатите на здравствените служби, рече Милер, мислејќи на Центрите за превенција и контрола на болестите (ЦДЦ).

Потпретседателот Пенс се наоѓа на чело на тимот што е задолжен за борба против коронавирусот во САД.

Кабинетот засега не потврди дали и самиот Пенс ќе се тестира на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави