Во Босна и Херцеговина денеска беше потврден првиот смртен случај на заболен од коронавирус. Станува збор за жена од Бихаќ.
Директорот на кантоналната болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ” Хајрудин Хавиќ потврди за порталот „Кликс” дека станува збор за повозрасна жена. Таа била донесена во болница пред два дена.