-Францускиот Парламент го усвои законот за финансирање, изменување и дополнување на финансиската компонента на итните мерки со кои се соочува Франција наспроти епидемијата на коронавирусот. Текстот беше усвоен со 327 гласови „за”, без „против” и 16 „воздржани”. Тој предвидува големи последици на коронавирусот врз француската економија, со рецесија од еден отсто од БДП и јавен дефицит од 3,9 отсто од БДП во 2020 година, јави дописникот на МИА.
Во комбинација со законот за вонредни состојби донесен во текот на ноќта на прво читање во Сенатот и кој ќе биде разгледан денеска од страна на Националното собрание, текстот предвидува итен арсенал од 45 милијарди евра за да им помогне претпријатијата кои се во тешкотии и да ја финансира невработеноста и парцијалната вработеност.
Мерките за одложување на давачките донесени од владата „претставуваат директна и непосредна помош од 35 милијарди евра” од 45 милијарди евра, „13 милијарди во име на директни даноци и 22 милијарди социјални придонеси “, Рече министерот за акција и јавни сметки Жералд Дарманин.
Текстот, исто така, поставува државна гаранција за банкарските заеми дадени на компании до 300 милијарди евра, со цел да се избегнат банкротите. И итна помош од 1.500 евра за многу мали бизниси или занаетчии и трговци чијшто обрт е во пад. Тој обезбедува аванс од 500 милиони евра за Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (ДГАЦ, контролори на летање) што ќе страда од ненадејниот пад на воздушниот сообраќај.
-Ова не е план за обновува, туку план за спасување, рече генералниот известувач на Буџетот Алберик де Монтголфиер, е убеден, како и многу негови колеги, дека „овој план за сапасување не е последен. Оценка која е споделена и од државниот секретар Оливие Дусопт, кој очекува нов закон за изменување и дополнување на законот за финансии „најдоцна пред крајот на првиот семестар, можеби за еден месец, можеби за два месеци”.