Јунајтед и Сити се здружија за борба против коронавирусот

– Двата елитни клуба во Манчестер – Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, се приклучија кон иницијатива за прибирање финансиски средства за борба против коронавирусот во градот.

Тие донираа по 50.000 фунти за да се обезбедат храна во 1.200 центри за заразени.

Дејството на клубовите се нарекува „ACityUnited”, што се преведува како „Обединет град”.

„Олд Трафорд” вчера објави дека ќе продолжат да плаќаат целосни плати на сите нивни вработени до крајот на сезоната, без оглед дали воопшто ќе има повеќе натпревари.

Треба да знаете
Последни објави