СЗО: Најмалку една година до вакцина против коронавирус

Водечкиот експерт на Светската здравствена организација, Мајк Рајам, денеска изјави дека ќе биде потребно најмалку една година да се развие вакцина за коронавирусот.

Тој за Би-би-си, сепак кажа дека има добар напредок во развојот на лекови и оти се спроведуваат тестови.

Додаде дека е важно да им се овозможи на лекарите да развијат докази дека третманот е безбеден и дава резултати.

Исто така изјави дека државите не можат да го потиснат коронавирусот само со мерки за карантин на граѓаните, туку дека се потребни и мерки за јавно здравје со цел да се избегне враќање на вирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави