Во период економска криза која ќе продолжи да се продлабочува сите ние можеме да помогнеме со нашето однесување.
Ова е време кога мораме да го поддржиме македонското производство и домашното стопанство.
Како за здравјето, да се однесуваме одговорно и совесно и во економијата.
Купувајте македонски производи,
Со купувањето на македонски производи се насочуваме кон поддршка на домашното стопанство. Така спасувате и работни места, многу луѓе да си ја задржат својата егзистенција.
Затоа што ја сакаме Македонија! Купувајте македонски производи!