Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ може да добие нов договор во текот на летото. Според „Тутоспорт”, клубот е подготвен да ја зголеми платата на играчот и да го продолжи договорот за една година.
Сегашниот договор меѓу клубот и Брозовиќ е со важност до 2022 година, годишната плата му е 4,5 милиони евра.
Оваа сезона, 27-годишниот Хрват настапи на 23 натпревари во Серија А и постигна три гола.