Македонски концепт: Наместо за избори, парите наменети за борба против вирусот

Во овој момент на светска здравствена криза предизвикана од вирусот COVID-19, на која бездруго ѝ следи и економска, на нас во Македонски концепт изборите не ни се на агендата. На Македонија сега ѝ е потребна поддршка и поткрепа од секој поединец, со која би се надминала кризата која не го загрозува само здравјето, туку и социјалната и економската стабилност на секој граѓанин. Нормално е, така и да делуваме!

Затоа, ние одлучивме и онака скромните средства наменети за нашата изборна кампања да ги пренамениме за многу поважни работи во овој момент. Овие финансиски средства ги наменивме за набавка на неопходни медицински заштитни средства кои ќе ги донираме на социјално загрозените категории граѓании и на здравствените инститиции, онаму каде што здравствените власти ќе ни посочат, низ неколку градови во државата. Првата донација се состои од заштитини маски и санитетски материјали, кои нашите носители на листи во пет изборни единици ќе ги поделат на оние на кои им се најмногу потребни, а согласно препораките и насоките од релевантните државни институции. Исто така, нудиме наши волонтери – поддржувачи на Македонски концепт, коишто можат да се стават на располагање на здравствените власти, на Црвениот крст и други институции, како дополнителна помош во човечки капацитети онаму каде што е потребно. За Македонски концепт единствениот приоритет во овој момент е што побрзо и поефикасно, заеднички, солидарно и одговорно да ја надминеме оваа криза. Ова е наш заеднички предизвик за опстанок и сосема е нормално заеднички да го решаваме!

Во името на сите поддржувачи на Македонски Концепт, изразуваме огромна благодарност до сите оние на кои професијата и повикот не им дозволува да се самоизолираат и да останат дома, а тоа се: медицинските лица, аптекарите, продавачите, дистрибутерите на храна и лекови, полициските службеници, припадниците на армијата, на вработените во јавниот превоз, во комуналната хигиена, на медиумските работници… Тие се клучната алка на функционирање на системот во овој кризен период.

Останете дома, бидете одговорни и да немате дилеми дека солидарно и зеднички ќе го надминеме и овој предизвик!

Треба да знаете
Последни објави