Нетанјаху понуди да се повлече од функцијата следната година

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази подготвеност следната година да се повлече од функцијата, во рамките на предложениот договор за поделба на власта со својот главен ривал Бени Ганц, за земјата да може да се справи со кризата заради заразата од коронавирусот и да заврши едногодишниот политички застој во земјата.

Лидерот на конзервативната Ликуд партија предлогот го даде синоќа во интервју на телевизија, повикувајќи на формирање тригодишна вонредна влада со Сојузот на партии од центарот Сино и бело на Бени Ганц

За ТВ каналот 12, Нетанјаху објасни дека ќе остане премиер во текот на првите 18 месеци од работата на таа влада и потоа ќе му дозволи на Ганц да ја преземе функцијата во втората половина од мандатот.

Нетанајху најави дека двете партии ќе имаат ист број министри во таа влада.

-Ќе се откажам од премиерската функција по година и половина, рече Нетанјаху.

Еден од лидерите на сојузот Сино и Бело, Јаир Лапид, ја отфрли понудата на Нетанјаху за единство, оценувајќи ја како неискрена и најави дека следната недела ќе се избере новиот претседател на Кнесетот и ќе се води борбата против коронавирусот за „добото на народот”.

Треба да знаете
Последни објави