Роналдо со донации за португалски болници

Ѕвездата на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо ќе донира во болниците во Португалија за борба против коронавирусот, објави весникот „АС”.

Напаѓачот на Јувентус има намера да го следи примерот на неговиот агент Жорже Мендеш и да купи лекови, заштитна облека и маски за медицински установи во неговата родна земја.

Роналдо е во карантин во Португалија. Тројца негови соиграчи од Јувентус – Пауло Дибала, Блеиз Матуиди и Даниеле Ругани – се тестираа позитивно за коронавирусот.

Роналдо го користи слободното време и објави видео на Инстаграм вчера во кое ги учи своите деца како да ги дезинфицираат рацете.

Треба да знаете
Последни објави