Автомобил излетал од патот и се превртел во Кичево- возачот повреден

Вчера во 11.20 часот било пријавено дека во Кичево на улица“Ужичка“ патничко моторно возило “југо“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.С.(60) од Кичево, излетало надвор од коловозот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

Треба да знаете
Последни објави