Во двата последователни земјотреси што утрово го погодија Загреб, оштетена е и познатата катедрала во градот, односно целосно е уништен врвот на една од нејзините кули.
„Надбискупскиот двор е тешко оштетен, а за катедралата штетите допрва ќе се проценуваат. Чекаме да дојдат инженери. Сè е расфрлано на сите страни, а ние сме во голем шок“, изјавил за медиумите ректорот на загрепската катедрала, Јосип Кухтиќ.
Загрепската катедрала, чие целосно име е Успение на блажена Дева Марија и Свети Стјепан и Ладислав, е неоготска базилика во Загреб, лоцирана на Каптол.
Според центарот за итни ситуации во моментов нема податоци за тешко повредени во земјотресот кој предизвика значителна материјална штета во хрватската престолнина. Во некои делови од градот се слушаат сирени, на терен се пожарникарите, кои дејствуваат по дојави на граѓаните.
#potres #vijest #zagreb #hrvatska pic.twitter.com/dlQaiDezer
— Monika Damjanović (@monika_cro) March 22, 2020
Луѓето панично ги напуштиле своите згради и куќи и излегле на улиците, но докторите апелираат да се држи потребното растојание од околу 2 метра со цел да се избегне ширењето на коронавирусот.
#earthquake #Zagreb pic.twitter.com/6H9DY9Yvh3
— Marc Witteveen (@marcwitteveen) March 22, 2020