Лидерот на конзервативната Ликуд партија предлогот го даде синоќа во интервју на телевизија, повикувајќи на формирање тригодишна вонредна влада со Сојузот на партии од центарот Сино и бело на Бени Ганц
За ТВ каналот 12, Нетанјаху објасни дека ќе остане премиер во текот на првите 18 месеци од работата на таа влада и потоа ќе му дозволи на Ганц да ја преземе функцијата во втората половина од мандатот.
Нетанајху најави дека двете партии ќе имаат ист број министри во таа влада.
-Ќе се откажам од премиерската функција по година и половина, рече Нетанјаху.
Еден од лидерите на сојузот Сино и Бело, Јаир Лапид, ја отфрли понудата на Нетанјаху за единство, оценувајќи ја како неискрена и најави дека следната недела ќе се избере новиот претседател на Кнесетот и ќе се води борбата против коронавирусот за „добото на народот”.