Папата Франциск денеска соопшти дека неделава ќе упати вонреден благослов „Урби ет Орби” (кон Рим и светот), каков што вообичаено упатува само за Божик и Велигден.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика верниците од цел свет да се молат за запирање на епидемијата од коронавирусот, пренесоа британските медиуми.
Католиците, кои добиваат благослови лично или преку медиумите, под определени ситуации можат да добијат и специјална индулгенција (опростување на гревовите).
Папата Франциск, исто така, ги повика христијаните од цел свет во среда попладне по италијанско време да запрат со работа и заедно да ја кажат молитвата „Оче наш”.
-Сакаме да одговориме на пандемијата со универзалноста на молитвата, на страдањето, на нежноста. Да останеме единствени, рече папата од својата библиотека.