Во САД за едно деноноќие бројот на новозаразени од коронавирус се зголемил за 9.339 лица, соопштија денеска волонтерите од „Ворлдометерс”, а во големите градови како Њујорк, Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес е воведен карантин и нивните улици и плоштади опустеа.
Како што се соопштува, од новозаразените, 117 лице починале, додека во цела Америка вкупниот број на починати е 419 луѓе.
Досега, забележани случаи на инфекции во САД се кај 35.121 лицe. Со тоа, во последните 24 часа порастот на заболувањата е над 35 посто. Моментално, Америка е на трета место по број на заболени од Ковид-19, после Италија и Кина.
Првиот случај на короnавирус во САД беше регистриран при крајот на јануари. Пандемијата се прoшири мошне бргу.
Во големите градови како Њујорк, Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес е воведен карантин, и властите советуваат граѓаните да останат дома. На американсkата телевизија се прикажуваат сцени од пустите улици и плоштади во овие мегаполиси.
Поради вирусот, пусто е на Тајмс сквер во Њујорк, на стрипот во Лас Вегас, една од главните туристички атракции за милиони Американци, нема туристи и шетачи, празни се улиците и крајбрежните шеталишта и кејови во Лос Анџѓелес и Чикаго.