Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои улицата Васко Карангелевски и улицата Индустриска 1, во населбата Ќерамидница.
Ве известуваме дека од денеска на овој потег ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим и тој ќе важи до завршување на градежните работи. Поради измената на режимот на сообраќај, постојната автобуска станица во близина на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дислоцирана и ќе биде соодветно обележана.