Французинот кој го носи дресот на Јута Џез се огласи на Твитер во врска со коронавирусот.
„Да ве известам каква е ситуацијата. Во симптомите за коронавирус е губењето на сетилото за мирис и вкус. Во последните четири дена не можам да осетам никаков мирис“, рече Гобер на Твитер.
Инаку тој се најде на удар на јавноста, кога на шала ги допираше новинарските микрофони на една од прес-конференциите, а потоа дозна дека е позитивен на коронавирус.