Американскиот Сенат не го изгласа законот за економски пакет помош за борба против новиот коронавирус.
Демократите се изјаснија против законот и побараа поголема помош за здравствените работници и за тие што се погодени од епидемијата.
Преговорите за измени на законот продолжуваат, а демократите оценија дека предлогот на републиканците повеќе е за помош на корпорациите, а на штета на здравтсвените работници и семејствата.