Британската армија ќе помогне во испораката на заштитна опрема во болниците, додека британскиот премир Борис Џонсон најави дека доколку луѓето не ги слушаат советите на Владата за социјално дистанцирање, ќе мора да се воведе полицики час и ограничување на патувањата поради спречување на ширење на новиот коронавирус.
Британските лекари се жалат дека се преморени и дека се соочуваат со недостиг на заштитна опрема, вклучително и маски.
Медицинскиот персонал во присмо испратено до Џонсон побараа зголемување на заштитната опрема.
Досега, 281 Британци починаа од новиот коронавирус.
Во Велика Британија затворени се пабовите, клубовите и вежбалниците, но социјалните мрежи се преплавени со фотографиии од граѓаните кои се собираат во парковите и пазарите.