Кризниот Штаб се одржа во просториите на Општина Бутел на кој состанок присуствуваше комадирот на ПС Бутел Сашо Комненовиќ и Градоначалникот Велимир Смилевски.
Командирот на ПС Бутел даде објаснување кои лица можат да се движат во периодот додека трае полицискиот час, со претходна дозвола односно издадено Решение од Министерството за информатичко општество.
Командирот на ПС Бутел информираше за новината на КЗ која се однесува на ширење на невистини информации во врска со вирусот дека тоа дело е казниво. Непочитувањето на препораките ќе биде казниво согласно КЗ на РСМ.
Од страна на Општина Бутел ќе биде пуштено возило со мегафон кое ќе информира и известува. Командантот на Штабот, Велимир Смилевски даде наредба да се воспостави контакт со раководителите на смени во трговските објекти и истите да воспостават ред на начин кој би се избегнала гужва во маркетите и да се запази препораката за одредена бројка на купувачи.