Датоме: Ако играте без гледачи, тогаш има проблем, ако има проблем, подобро е да не играте

Кошаркарот на Фенербахче, Луиџи Датоме се произнесе за состојбата со коронавирусот и суспензијата на сезоната.

  • Ако играте без гледачи, тогаш постои проблем. Ако има проблем, подобро е да не се игра. Според мое мислење, кога сезоната ќе продолжи, треба да има навивачи на трибините, а движењата на луѓето треба да се вратат во нормала, изјави Датоме.

Што се однесува до платите, играчот смета дека тоа е правен спор.

  • Како претседател на синдикатот на играчите во Евролигата, знам за оваа ситуација. Правилно е да седнеме на иста маса со Евролигата и да разговараме за сè. Ако сезоната не продолжи, а ми се чини дека ќе биде така, тогаш ќе треба да најдеме заедничко решение,  рече Италијанецот.
Треба да знаете
Последни објави