Иранската Влада одби американска помош за сузбивање на епидемијата со новиот коронавирус.
– САД повеќе би помогнале кога би ги укинале санкциите и со тоа ќе ги ослобоадат ресурсите на Иран за да може да се бори против вирусот, се наведува во соопштението на иранската Влада.
Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа понуди помош за Иран, Северна Кореја и други земји.
И врховниот верски лидер, ајатоолахот Али Хамнеи ја одби американската помош
– Имаме многу непријатели, а САД меѓу нив е најлош…. А сега сакаат да ни помогнат. На САД би им било подобро да ги помогне своите граѓани, посочи Хамнеи.
Тој исто така обвини дека вирусот е американски производ, осмислен со цел да ги ослабе непријателите како Кина и Иран.
– Во такви околности никој не треба да обрнува внимание на таквите понуди, истакна Хамнеи.
И пакистанскиот премиер Имран Кан вчера ги повика САД да ги укинат санкциите кон Иран.
Иран е една од најтешко погодеите земји со пандемијата од Ковид-19. Според иранското Министерство за здравство до саботата регистрирани се над 20.000 луѓе со новиот коронавирус, од кои 1.556 починаа.