Повеќе затвори во САД ослободуваат осуденици поради страв од ширење на коронавирусот

– Некои американски затвори започнаа со ослободување на осудени лица поради страв од ширење на коронавирусот во казнено-поправните институции.

Како што синоќа објави „Волстрит џорнал”, станува збор за затвореници кои извршиле лесни кривични дела, како и малолетници, стари и болни престапници. Затворите во Калифорнија, Њујорк, Тексас и во десеттина други држави, веќе почнале со отпуштање на затвореници.

„Њујорк тајмс” денеска објави дека илјада затвореници ќе бидат пуштени од затворите во Њу Џерси.

Во некои, држави како Охајо, судиите ги идентификуваат неопасните осудени лица и разгледуваат случаи со висок здравствен ризик. Оттаму јавија дека, сепак, затворите во оваа сојузна држава не ги отвараат портите.

Весникот дознава дека во неколку држави, од корнавирус се заразиле повеќе вработени во казнено-поправни домови, што придонело таму да се воведе карантин.

Претходно, сенаторката од Калифорнија, Камала Харис,на Твитер повика поради спречување на ширењето на коронавирусот да се ослободат малку ризичните осудени лица, вклучувајќи и оние кои се во притвор, а не можат да платат кауција.

Америка е земја со најголем број на затвореници во светот. Заклучно 2019 година, во американските затвори имало 2.12 милиони затвореници. На второ место по број на затвореници е Кина, а по неа се Бразил и Русија.

Треба да знаете
Последни објави