Рускиот претседател Владимир Путин во овој момент не планира да работи од дома, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повод состојбата со новиот коронавирус.
„Не е планирана работа од дома за претседателот. Барем засега. Неговиот распоред за работа е рутински“,рече Песков.
Досега во Русија се регистрирани 367 заразени со вирус „Ковид-19“ и еден смртен случај.