Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го обвини Пекинг дека на време не ги споделил клучните информации за епидемијата.
„Кинеските власти требаше да не информираат“, изјави американскиот претседател.
Трамп зборуваше за Ковид -19, повторно нарекувајќи го кинески вирус, што предизвика осуда на кинеските власти.
„Јас би бил благодарен ако не известија за овој проблем три месеци порано“, рече Трамп, истакнувајќи дека сепак односите меѓу Кина и САД се „многу добри“.