Регистриран е првиот смртен случај од новиот коронавирус во Европскиот парламент, јави дописничката на МИА од Брисел.
Станува збор за 42-годишен надворешен соработник на Европарламентот, потврди портпарол на Европскиот парламент, но не се даваат повеќе детали за неговиот идентитет.
Познато е само дека работел за генералниот директорат за иновација и технолошка поддршка.
Најверојатно се заразени и луѓето кои работеле со него.