Шефот на германскиот Институт за јавно здравје „Роберт Кох“, Лотар Валтер, тврди дека стапката на заразени со коронавирус во земјата покажува тренд на опаѓање, истакнувајќи дека тоа е успех на мерките што ги воведе Германија.
„Гледаме знаци дека кривата благо се спушта“, рекол Валтер додавајќи дека ваквиот тренд дефинитивно ќе може да се потврди во среда.
Германија е меѓу првите земји во Европа која воведе низа мерки, меѓу кои и затворање на училиштата и ограничување на јавните собири.
Во Германија досега се регистрирани 24.094 случаи на заразени со ковид-19, 94 смртни случаи, а 266 се излекувани.