Во Шпанија починале 462 лица во изминатите 24 часа како резултат на инфекција со коронавирус, што е најголем број на смртни случаи во еден ден откако се шири вирусот во земјата, соопшти шпанското Министерство за здравство, јавува агенцијата Анадолу (АА).
Вкупниот број на починати од „ковид-19“ сега е 2.182, а потврдени се повеќе од 33.000 случаи на зараза, наведуваат од министерството. Најпогоден е главниот град Мадрид, каде што 1.021 луѓе починаа како резултат на инфекција со коронавирус, а потврдени се речиси 10.000 случаи на „ковид-19“. Во моментов, во Мадрид има 6.681 активни случаи и излечени се 2.000 лица.
Локалните медиуми објавија дека Владата решила да ја продолжи вонредната состојба во Шпанија до 11 април и сега се чека потврда на парламентот. Властите се убедени дека најлошата пандемија се очекува во наредните денови.