За обнова на Европа – нов „Маршалов план“

Шпанскиот премиер Педро Санчез побара да се смисли програма како Маршаловиот план за обнова на Европа.

Според него, тој план би се финансирал со издавање на еден вид на корона-обврзници.

Постоечката одлука на Европската централна банка за откуп на обврзница во вредност од 750 милијарди евра не е доволна, пишува денеска „Вечерни лист“.

„Ова е криза која ја погодува цела ЕУ и мораме да артикулираме голем „Маршалов план“ за обнова. Вложуваме огромен фискален напор, но важно е тоа да не биде само на национално ниво“ вели шпанскиот премиер и додава дека на ум ги има паневропските обврзници, кои државите членки ќе им ги издаваат на здружените сили.

Министрите за финансии на ЕУ вчера одржаа видеоконференција, која ја водеше нивниот хрватски колега, Здравко Мариќ од зградата на Царинската управа во Загреб, но вчера не се очекуваше договор за паневропски обврзници туку само за ублажување на принципот на предвидениот Пакт за стабилност и за раст.

Треба да знаете
Последни објави