Скопјенец се вратил од Шпанија, не седел дома, отишол во Штип па ќе плати 3.000 евра казна

Обвинетиот на 17 март влегол преку Меѓународниот аеродром Скопје во Република Северна Македонија од Кралството Шпанија при што со писмена наредба бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но истиот ден го напуштил својот дом каде требало да ја изврши должноста за самоизолација и отишол во општина Штип.

Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд во Штип поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 30 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави