Како што вчера најавија од Министерството за одбрана, припадниците на Воената полиција во активно се вклучуваат во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје.
Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата. Изминатите два дена, припадниците на Армијата од своите колеги од полицијата се запознаваа со овластувањата, процедурите и задолженијата за извршување на оваа задача.
Армиските припадници, обезбедувањето на објектите го вршат во армиска униформа, а на себе го имаат личното формациско вооружување. Обезбедувањето на овие објекти се прави во целосна координација со Министерството за внатрешни работи, а е врз основа на Уредбата на Владата за утврдување на задачи на Армијата во периодот додека трае вонредната состојба.
Фото:Слободан Ѓуриќ