Џенифер Анистон ја пронајде својата занимација додека се наоѓа во самоизолација поради коронавирусот, така што ѕвездата од „Пријатели“ го средува својот плакар.
Актерката, која живее на имот од 8500 квадратни метри во Бел Ер, Калифорнија, полесно ја поднесува изолацијата занимавајќи се со својот орман.
https://www.instagram.com/p/B3qer4rnWmh/?utm_source=ig_web_copy_link
Презентерката Елен Деџенерiс ја повика Џенифер и го пренесуваше разговорот на нејзиниот профил на „Инстаграм“, а популарната актерка откри колку време веќе го средува своето катче.
„Здраво Џен, овде е Елен. Што правиш?“, презентерката ја праша актерката.
„Па, нема голема разлика откога последен пат ме повика пред триесет минути“, рече Џен.
„Сè уште го средувам плакарот. Тоа сè уште го правам“, додаде актерката.
Презентерката и предложи на Анистон да започне со пролетно чистење додека мора да седи дома поради пандемијата на коронавирусот.