Блок: Нема препрека веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија

Холандскиот министер за надворешни работи Стефан Блок за МИА изјави дека не гледа пречка веднаш да се одржи првата меѓувладина конференција со Република Северна Македонија.

-Земјата нема дополнителни услови, рече тој.

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.

Треба да знаете
Последни објави