Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска (вторник, 24.03.2020 година), во 15:00 часот, ќе одржат прес-конференција.
Темата на оваа прес-конференција се одлуките од видео – конференцијата на Советот за општи работи на Европската Унија во однос на заклучоците за Северна Македонија и Албанија.
https://youtu.be/48p1CsY_Q4I