Доктор од Италија го шокираше светот со тврдењето дека уште во ноември лани во Ломбардија се појавило чудно воспаление на белите дробови

Доктор од Италија го шокираше светот со своето тврдење дека уште во ноември лани во Ломбардија се појавило чудно воспаление на белите дробови.

Чудно воспаление на белите дробови кружеше на северот од Италија уште во ноември”, неколку недели пред докторите да станат свесни за избивањето на новиот коронавирус во Кина, изјави еден од водечките медицински стручњаци во Италија, докторот Џузепе Ремуци.
„Тие(лекарите од општа пракса“ се сеќаваат дека виделе необична пневмонија, многу тешко воспаление на белите дробови, посебно кај повозрасните лица во декември, дури уште во ноември“, изјави директорот на Институтот „Марио Негри“ за фармаколошки истражувања во Милано докторот Џузепе Ремуци во интервју за Националното јавно радио на САД.
-Тоа значи дека вирусот циркулирал, барем во Ломбардија, и пред ние да станеме свесни дека оваа епидемиј се случува во Кина.
Оваа изјава на докторот Ремуци доаѓа во време кога научниците се уште истражуваат за потеклото на коронавирусот. Кинескиот стручњак за респираторни болести Зонг Наншан претходно
изјавил дека иако Кина прва пријавила патоген, се уште не е сигурно откаде вирусот всушност доаѓа.
Докторот Ремуци истакнал дека дури неодамна ги слушнал изјавите на италијанските доктори за чудната пневмонија во ноември, што значи дека вирусот се ширел претходно без знаење на луѓето.
Во Италија досега има повеќе од 63000 потврдени случаи на заразени со коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави