Драстичен скок на заболени од коронавирус во САД, сега се трети во свет по Шпанија

Бројот на заболени од коронавирус во САД драстично се зголеми, па САД моментално се трети во светот по бројот на случаи на заразени со Ковид-19.

Вчера биле регистрирани 2.411 нови случаи, а вкупно заболени се 46.154 лица. Бројот на починати се зголемил за 29 за еден ден.

Според бројките, САД ја надмина Шпанија, која има проблем со голем број на смртни случаи, кој моментално изнесува 2.311.
Тоа што во САД привлече внимание е случај на 12-годишно девојче која, поради тешката состојба како последица на коронавирусот, се наоѓа на респиратор.

Како пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на нејзин роднина, на Еми на 15 март и` била дијагностицирана пневмонија , а дека резултатите од тестот во петокот минатата недела покажале дека е позитивна на вирусот. Девојчето од саботата е на респиратор и моментално е во стабилна состојба, додал роднината.

САД во текот на минатата недела одлучија да ги затворат границите со Канада.

Треба да знаете
Последни објави